80 до 100 илјади граѓани дадоа поддршка на протестот организиран од ВМРО-ДПМНЕ (фото)
Реки народ на вчерашниот протест на ВМРО-ДПМНЕ се слеаа пред Владата на Република Македонија.
Имено, ВМРО-ДПМНЕ вчера под мотото „Премногу е!“ го организираше најголемиот и најмасовен протест што досега го одржала една партија во Македонија.
Според медиумите во земјата, а и од регионот на овој величествен протест како што го нарече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски присуствуваа од 80 до 100 илјади граѓани.