Без никаков срам Ковачевски во Прилеп

Сподели на:

Денес во посета на Прилеп, на отворање на партиски штаб помеѓу теснопартиското членство, доаѓа најнеспособниот премиер, чија влада, Македонија ја остави во хаос и со нефункционални институции. Ветувајќи просперитет, обезбеди сиромаштија, лоши животни услови и најнегативни резултати од Европската комисија.

Времето во кое Димитар Ковачевски беше премиер, е залудно потрошено за граѓаните, тоа е време во кое Македонија доживеа многу порази и неуспеси на сите полиња. Автопатот Прилеп- Битола е уште едно од низата лажни, бројни нерализирани ветувања, карактеристични за владата на Ковачевски.

Излажани и изманипулирани беа и земјоделците и тутунарите кои не ја добија ветената помош во ова време на економска криза, а истите беа приморани по ниски откупни цени да ги продаваат своите производи.

Она со кое владата на Димитар Ковачевски може да се пофали е распадот на правосудниот систем кој ужива доверба од цели 2%. Единствените работи кои бележат раст во Македонија се криминалот досега највисокото ниво и корупција за кои добивме и потврда со извештајот од Европската комисија. Се зголемува и бројот на граѓани кои ја напуштаат државата, разочарани од нефункционалните институции. Листата на скандали нема крај. Народот бара одговорност за случајот со канцер-мафијата на „Онкологија“ кој ја згрози целата јавност. Здравството за време на владеењето на Ковачевски доживеа колапс, а ништо не подобра состојбата и во економијата и образованието. Народот бара одговорност и за стотиците милиони евра исплатени за изградба на автопати, кои не се поместени од мртва точка.

На следните избори ќе падне во вода лажниот триумфализам и голиот ПР на Ковачевски, преку огромниот пораз кој ќе му го нанесат граѓаните.Во Македонија никогаш не било полошо. Господине Ковачески, власта предводена од СДС и ДУИ мора да се промени, бидејќи македонскиот народ заслужува сигурност, пристоен живот и подобра иднина -истакна Билјана Кузманоска, претседател на УЖ Прилеп и член на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

Сподели на:

Слични Објави