Бизнисмен од Скопје убиен во Ханиоти, Грција
Медиумите пренесуваат дека починатиот е познат бизнисмен од Скопје, сопственик на казино. Полицијата во Полигирос спроведува прелиминарна истрага.
Непознати лица на Халкидики испукале десетици куршуми, во 39-годишен бизнисмен кој бил сопственик на казиното во Македонија и го раниле неговиот 45-годишен пријател. Убиен е Охран Бајрами попознат под прекарот Оки, а повреден е Сеад Слезовиќ, двајцата бизнисмени кои биле активни во Македонија со казина и фабрики за пијалоци, посочуваат грчките медиуми. Се упатува на нарачано убиство, бидејќи пред неколку месеци непознати лица го егзекутирале нивниот партнер, исто така од соседната земја, односно се поврзува со убиството во Шиша бар во старата скопска чаршија.
Според истите извори, двајцата сторители наводно биле на мотор.