ЕКОНОМСКИОТ СОВЕТ НА ОПШТИНА ПРИЛЕП ЈА ОДРЖА ЧЕТВРТАТА СЕДНИЦА

Сподели на:

ЕКОНОМСКИОТ СОВЕТ НА ОПШТИНА ПРИЛЕП ЈА ОДРЖА ЧЕТВРТАТА СЕДНИЦА

На четвртата седница на Економскиот Совет на Општина Прилеп, со кој претседаваше градонaчалникот на Општина Прилеп, Борче Јовчески, во присуство на претседателот на Совет, Дејан Проданоски, бизнис секторот од Прилеп, претставници од Регионалната Стопанска комора – Прилеп, претставници од локалната самоуправа, раководителите на сектори и на ЈКП во Прилеп, беа презентирани планираните проекти на општината, согласно Буџетот на Општина Прилеп за 2023. Воедно, претставниците на бизнис секторот беа запознаени со услугите на јавните претпријатија во Општина Прилеп кон бизнис заедницата, а беше презентирана и активноста на Секторот за урбанизам, комуналии и заштита на животната средина, во насока на поквалитетни и поефективни услуги за бизнис заедницата. Во однос на изнаоѓање решение за ублажување на последиците од енергетската криза, на Седница на Економскиот Совет на Општина беше ставен акцент и за можностите за поставување на фотоволтаични панели од страна на деловните субјекти, беше нагласена поддршката на Локалната самоуправа за вакви проекти и беа разменети искуствата кои ги имаа стопанствениците по ова прашање.На четвртата Седница на Економскиот Совет на Општина Прилеп стана збор и за заеднички проекти за подобрување на условите за живот и животниот стандард на граѓаните на Општина Прилеп. А, бизнис секторот беше запознат со зачленувањето на Општина Прилеп во Б40 мрежата на Балкански градови и за значењето од ова членство за градот.„Со членувањето во оваа мрежа создадовме услови за соработка меѓу градовите и можност за размена на позитивни искуства за решавање на урбаните проблеми. Тоа би значело и одлична можност за Вас за креирање на економска соработка со градови од Балканот, воспоставуваме бизнис корелации и освојување на нови пазари“, рече градоначалникот Борче Јовчески пред бизнис секторот во Прилеп на редовната четврта Седница на Економскиот Совет на Општина Прилеп.

Сподели на:

Слични Објави