Им заштедивме по 4000 денари на граѓаните се пофали Ковачевски

Сподели на:

Донесовме неколку анти кризни мерки за намалување на инфлацијата како намалувањето на ДДВ-то од 5% на 0% на основните прехранбени продукти, граѓаните ќе мораа месечно да плаќаат по 1.500 денари плус, доколку не беше намалувањето на ДДВ-то на енергенсите на нафтата и нафтените деривати, само по тој основ без намалување на акцизата секој граѓанин на просечна потрошувачка пресметано ќе плаќаше 300 денари повеќе секој месец, кај електричната енергија доколку не се направеше субвенционирање на производството на електрична енергија и на цената на која што ја плаќаат граѓаните значи 80% ја субвенционира државата, сметките за струја на секое семејство ќе беа за 2.150 денари повисоки, истакна претседателот на Владата Ковачевски

Јас уште при експозето пред 76 дена во Собранието кажав дека знам дека нема да биде лесно. Ова е најодговорната улога која што човек може да ја има во својот живот, во најголемата криза да води држава, затоа што прво немате време ни за спиење, а не за одмарање. Затоа што секој човек во криза мисли на себе и на своето семејство, а кога сте на ваква позиција вие мора да мислите на сите. Мора да мислите за најранливите 35.000 да им обезбедите по 1.000 денари дополнително за храна. Мора да мислите на пензионерите да ја зголемите пензијата и тоа го направивме. Истакна Ковачевски

Сподели на:

Слични Објави