Ќе испратиме војници ако е потребно зајакнување на источното крило на НАТО изјави Министерката Петровска
Доколку е потребно зајакнување на источното крило на НАТО поради воената состојба во Украина изјави Петровска.
Нашата безбедносна состојба е стабилна. Во моментот нема индиции за директни закани врз нас од безбедносен аспект. Засега не се регистрирани упади од аспект на хибридни закани или какви било посериозни дејствување, но повеќе институции во државата кои се задолжени дневно известуваат и се справуваат со некои помали облици на такви појави.
Ова денеска го изјави министерката за одбрана Славјанка Петровска по презентацијата на новиот интерен систем за управување со јавните набавки во Министерство за одбрана.
Со членството во НАТО Македонија има придобивки што и е загарантирана безбедноста, но и е дел од колективниот систем за безбедност на Алијансата.
Прашана во врска испраќањето на наши трупи во Источното крило во НАТО, прашање за што било дискутирано во Брисел, за каков вид опрема и што е побарано од нашата држава, Петровска децидна дека не се работи за испраќање војници од македонската Армија, туку за потребата за зајакнување на источното крило на НАТО, кое се спроведува од сите 30 сојузници. Земјите кои се определени каде ќе се зголеми присуството на НАТО силите, информира, се Бугарија, Романија, Полска и Унгарија.
Во однос на тоа дали сме подготвени, таа потенцира дека Армијата секогаш е подготвена да одговори на предизвиците кои се од нејзиниот делокруг на работење.