Конечно доаѓа потопло време, но колку ќе трае?
Утре и во вторник краткотрајно ќе има постабилно и значително потопло време, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 17, а максималната ќе достигне од 21 до 31 степени.
Во среда попладне времето ќе биде нестабилно во западните делови, а во деновите кон викендот ќеима услови за пороен дожд проследен со грмежи и засилен ветер и повремено во останатитеделови од земјата.