Мицкоски: Фрапантни нови сознанија за Онкологија и аферата „Диво месо
Во Членот 10 од Уставот на Македонија, јасно и недвосмислено стои „животот на човекот е неприкосновен“. За жал во Македонија дури и во овој момент се случува грозоморен скандал каде и денес и сега се заработува на грбот од болните од канцер. Создадено е системско диво месо на криминал и корупција која ги има зафатено сите пори на општеството, а највеќе доаѓа до израз таму каде треба да се спасуваат животите. Жално е што обвинителството не покрена ниту обвинителен акт и се се заврши со само формална предистрага. Доста со басните за некаква висока политика, во реалниот живот се губат животи поради корупција и криминал, истакна денес Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.
Дали не сите граѓани имаат право на живот?
-Трет заклучок овие документи што ги гледате се само 4 од многу, тоа се лекови, лекови кои би требало да спасат човечки животи, но исто така и лекови кои за ова диво месо во здравството претставуваат можност за профит на грбот на здравјето на луѓето. Ова се лекови коишто според Фондот за здравство на 31 март биле залиха, односно се наоѓале како залиха и биле подготвени да бидат аплицирани до пациентите. Нормално сите овие лекови доаѓаат од омилената веледрогерија на власта. И ќе започнам, прво тоа е лекот Абиратерон во ампули од 250 милиграми. Според Фондот за здравство на 31 март 2023 година состојбата на залихата била 121.149.360 денари и тој лек е пакуван во две големини 250 милиграми и 500 милиграми. Следен лек е Алектиниб. Состојбата на залиха на 31.03.2023 е речиси 123 милиони денари, или точно тоа е 122.986.958 денари. Понатаму Вемурафениб 240 милиграми, состојба на залиха на 31.03.2023 година 406.464.361 денар. И да не останам должен, Абиратерон, лекот во пакување од 500 милиграми, состојба на залиха на 31.03.2023 година 950.292.000 денари или вкупно нешто повеќе од милијарда ипол денари или нешто повеќе од 25 милиони евра. Дали оваа залиха навистина постои физички или само на хартија, за тоа малку подоцна. Ова е договор на еден од добавувачите, кој што е омилен, од страна на владата на СДС и ДУИ и кој што нормално има привилегија најчесто да ги добива јавните набавки. Овој договор опфаќа се што претходно прочитав, сите овие лекови кои што преходно ги прочитав се опфатени со овој договор. Но тоа што овие на залиха имале милијарда ипол денари, на 31-ви март, не ги спречило на 27-ми февруари, да распишат јавна набавка, со која што повторно ќе побараат, од истите овие лекови, рамковен договор со овој омилен добавувач, а тој пак, на 8ми мај ќе го склучи овој договор, во вредност од точно 513.656.549,66 денари, со вклучен ддв. Како што можете да видите почитувани присутни, станува збор за организирана мафија, која што за жал денеска, сеуште оперира. Мафија која што на грбот на граѓаните заработува. Она што овде е запрепастувачко, не е само криминалот, туку бездушноста да се заработува од уништувањето на другите животи. Оваа канцер мафија, која го создаде дивото месо, мора да биде победена и мора да има одговорност. Бараме во овој момент анкетната комисија во собранието, која се однесува на овој случај, порача Мицкоски.