Наставник преку Фејсбук испраќал пораки до малолетна ученичка, поднесена кривична пријава
СВР Струмица до надлежното обвинителство поднесе кривична пријава против 40-годишен наставник од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „полов напад врз дете кое не наполнило 14 години” , казниво по член 188 од Кривичниот законик. Пријавениот, наставник во основно училиште во струмичко, е осомничен дека во периодот од октомври 2020 до април 2022 година преку социјална мрежа Фејсбук праќал пораки на малолетна ученичка во училиштето со кои сакал да ја наведе на сексуален однос, а во два наврати и ја допирал по телото.
На 20.05.2022, таткото на девојчето го пријавил случајот во полициска станица и приложил докази, по што биле преземени мерки и наставникот на 21.05.2022 бил лишен од слобода во Куманово, а подоцна бил спроведен во СВР Струмица и со него бил извршен службен разговор.