Николоски денес во прилепско
Во рамките на акцијата “Ова е Македонија за сите!,, денес потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски е во посета на неколку населени места во прилепско односно во с.Селце, Ново Лагово, Кадино село, Алинци, Тополчани, Ерековци и Канатларци. Ова е втора посета по ред во рамките на акцијата со цел да се решаваат проблемите кои ги има населението во руралните средини. Дел од присутните го искажаа своето незадоволство од работата на владата предводена од СДСМ и ДУИ.