Нов асфалт и на влезот во Прилеп
Започна со рехабилитација и асфалтирање на влезот на Прилеп од Битола односно улицата од петлата до сала Македонија, доста минувана улица и на прилепчани но и на сите кои влегуваат во Прилеп од тој влез. Градоначалникот денес објави дека почната е рехабилитацијата на улицата.
Рехабилитација и нов асфалт на влезот во Прилеп од страната на Битола. Влезовите на градовите го претставуваат лицето на секоја Општина. Денес започнавме со градежните активности и подготовки за нов асфалт на дел од улицата ,,Цар Самоил” односно самиот влез на градот од страната на Битола. Водиме грижа на сите сегменти во однос на патната инфраструктура во општина Прилеп и ќе продолжиме да делуваме и инвестираме во секој дел, во секоја населба и населено место во нашата општина Прилеп. Одговорно и посветено!