Новиот министер започна со голема полициска акција утрово во Македонија поврзана со скандалот Онкологија
Полицијата од утринава врши серија претреси на повеќе локации во објекти на лица за кои постојат сомненија дека се дел од аферата Диво месо, познат во јавноста како скандал онкологија, пренесува весникот Вечер.
Претресите се прават во домовите на лицата за кои постојат сомненија дека учестувале во злоупотребите на Клиниката за онкологија.
Станува збор за најголемата здравствена афера во која се вклучени вработени на клиниката за онкологија, кои наместо да ги лекуваат пациентите, им давале физиолошки раствори, а лековите ги препродавале на црниот пазар.
Во септември обвинителството отвори предистрага, која до ден денес нема никаков епилог.