Одржана третата средба во рамките на проектот Света Вода
Се одржа третиот технички состанок во рамки на проектот Света Вода . На состанокот зедоа учество претставници на проектните партнери – Општина Преспа , Ефоратот на Антиквитети од Општина Флорина , НВО Здружение за заштита на Преспа- SPP од Република Грција . На средбата исто така беше присутен и Градоначалникот на Општина Преспа- Гдин Панагијотис Пасхалидис и Градоначалникот на Општина Ресен Г-дин Јован Тозиевски при што имаше и обраќање пред присутните. На истата беше презентиран досегашниот напредок во реализација на проектот Света Вода и идните активности кои треба да се спроведат во тековната година, како и за идни можни проекти и активности…