Петар Ристески: Да ви се мочам и во договор, да ви се мочам во предавство
За некој од вас верував дека ќе го направите ова. Некои од вас се џубокс пратеници, колку пари толку музика. но некои навистина верував и уште верувам дека има време да се премиските. А јас како што ви реков, ни мртов ова нема да ви го гласам. Ни мртов. Да ви се мочам и во договор, да ви се мочам во предавство, вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Петар Ристески од денешната собраниска седница за заклучоците од францускиот предлог.
Тој истакна дека посакуваше денеска да биде поинаку и дека посакуваше сите пратеници во македонското Собрание и сите Македонци заедно, сплотено и едногласно да кажеме дека не го прифаќаме овој понижувачки предлог и дека сакаме во Европа како Македонци и непонижени.
„Еднаш предавник, секогаш предавник. А не сакав да верувам, дека ќе се уверам во оваа народна изрека. Овој пат, навистина, искрено од срце посакував да биде поинаку. Да биде многу поинакви, заедно сите Македонци, пратеници во овој македонски Парламент да излезевме со народот и да кажевме не го прифаќаме овој понижувачки предлог. Ова беше моја желба, ова беше моја патриотска желба да кажеме сакаме во Европа, да сите заедно, но не понижени. Да кажеме сакаме во Европа како Македонци, со македонски јазик, цврст македонски идентитет со македонска заштитена историја, култура, традиција“, рече Ристески.
Тој додаде дека ќе пробам со факти и со аргументи да ги разубеди пратениците во македонското Собрание и дека посакувал, премиерот на Република Македонија, овдека да не поздрави со крената тупаница и да речи да живее Република Македонија, посакувал истиот тој премиер на неговата држава, кога го навредуваа и негов колега му кажаа дека е премиер, за брзо, на западна Бугарија а тој се смееше како зелен, да застани цврсто и да му каже јас сум Македонец, јас сум премиер на Република Македонија.
И зошто не собра таму храброст на Еди Рама да му го каже тоа, а овдека со кренати две раце покажува некаков триумфализам, а прифатил предавство. Огромно предавство на Македонија, на македонскиот народ, запраша Ристески.
„Во тој договор сте прифатиле некаква комисија која требало да ги вреднува историските факти, да ги пишува учебниците и сето тоа на проверка во Софија та оттаму да кажеле што да учат моите три деца и требало да се нафатам, да прифатам дека македонскиот јазик бил дијалект од бугарскиот. Знаете кога ќе се случи тоа? Никогаш! По никоја цена“, остро одговори Ристески.
Посочи дека тој е роден во градот херој, Прилеп кој само во Втората светска војна дал 650 жртви и дека живе на 20 метри од Алеата на народните херои и Могилата на непобедените.
„Јас сум роден во Прилеп. Прилеп е град херој, дал 650 жртви само во Втората светска војна, сите убиени од бугарскиот фашистички окупатор. Дал 143 луѓе носители на споменица и 14 народни херои. Живеам на 20 метри од Могилата на непобедените, на 20 метри од Алеата на народните херои. Што ќе му кажам на моите деца кога ги шетам секој ден на парк кога поминувам покрај овие народни херои, со кој образ јас ќе ги погледнам моите родители, моите деца ако кажам дека не сум се спротивставил на ова предавство и не сум пробал да го одбранам идеалот за кој загинале тие народни херои“, запраша Ристески.
Тој ги повика пратениците од парламентарното мнозинство да се откажат од прифаќањето на Францускиот предлог дури се уште има време, да се откажат и заедно да кажеме дека сакаме во Европа како Македонци со македонски јазик, македонски идентитет, македонска историја, македонска култура.