Поранешен градоначалник од СДСМ ја напушта партијата: Ја претворија во дувло на криминал

Сподели на:

Поранешен градоначалник на СДСМ, Рубинчо Шефтероски јавно го искажа своето незадоцолство и револт. Тој стана градоначалник на Кривогаштани како кандидат на СДСМ, а сега јавно ја напушти партијата.-Не можам да ја препознаам партијата од чии редови бев градоначалник и од чии редови се борев за Македонија да биде подобро место за живеење. Ова не е СДСМ во кое јас верувам. Златна партија ја претворија во дувло на криминал, рече тој.

Посочи дека со СДСМ целосно е изгубено достоинството на Македонците.-Јас го замрзнувам членството и си заминувам од СДСМ и ги повикувам сите членови да го напуштат членството. Овој пат, СДСМ не заслужува да победи, рече тој.

Сподели на:

Слични Објави