Проданоски повика на масовна излезност и поддршка на ВМРО-ДПМНЕ на претстојните избори во среда

Сподели на:

Почитувани сограѓани,

Во текот на предизборната кампања се обидовме да стапиме во контакт со секој човек, жител на општина Прилеп. Ги слушнавме вашите предлози, пофалби, но и вашите критики. Ви благодариме за секој збор кој ни го кажавте и ви ветуваме дека нема да го заборавиме по завршувањето на изборите.

Секој ден презентиравме пред вас делови од нашата програма ,,Платформа 1198″, за која се обврзуваме дека ќе ја реализираме во наредниот 4 годишен мандат.

Драги сограѓани,

Промените во Македонија започнаа на 24 април. Ви благодарам за поддршката која ја дадовте на кандидатот за Претседател на ВМРО – ДПМНЕ Гордана Силјановска – Давкова.

Се наоѓаме пред исклучително важен момент за нашата држава, кога заеднички треба да донесеме одлука, дали Македонија ќе биде повторно горда и достоиствена, или ќе дозволиме да ја доуништат оние кои во измнативе 7 години, освен за сопствените џебови, не сработија ништо добро за народот.

Крај на ова беззаконие и пустошење на државата може да ставиме само сите заедно. Заедно, само со масовна излезеност во среда на 8- ми Мај и со заокружување на број 2 за листата на пратеници предводена од ВМРО – ДПМНЕ и број 2 за кандидат за претседател Гордана Силјановска – Давкова. Ве повикувам на масовна излезеност затоа што не смееме да дозволиме да се остварат сценаријата на оние кои заговараат да нема цензус за Претседател на државата и Македонија да западне во полотичка криза!

Почитувани, со заокружување на број 2 на гласачките ливчиња заедно ќе направиме Македонија да се врати на вистинскиот пат.

Македонија повторно да биде твоја! 2 Македонија повторно да биде горда!

Сподели на:

Слични Објави