Проданоски: Слободен јавен превоз за пензионерите и стипендии за студентите

Сподели на:

Претседателот на совет на Општина Прилеп Дејан Проданоски на социјалните мрежи истакна дека на денешната седница на советот донесени се одлуки за бесплатен јавен превоз за пензионерите со ниска пензија, односно 5000 прилепчани пензионери ќе ја користат оваа услуга од ЈП за ПУП. Следната донесена одлука се однесува на идните студентите односно 10те најдобри ученици и 10 ученици од семејства од социјален ризик ќе добиваат стипендии од Општина Прилеп за студирање на Економскиот Факултет во Прилеп. Овие одлуки ги поздравија прилепчани позитивно и веруваат дека ќе им помогнат на голем број граѓани.

Сподели на:

Слични Објави