Проданоски упати јавна покана за митингот на ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп

Сподели на:

Почитувани сограѓани,

На 24-ти април, преку масовна поддршка за професорката Гордана Силјановска Давкова, испративте јасна порака за тоа во која насока сакате да се движи Република Македонија.

Времето на безредието и хаосот сите заедно сме решени дека завршува. Одбројуваме само уште неколку дена, кога токму вие граѓаните, конечно ќе ставите крај на владеењето на СДС и ДУИ. Доста е од скандали и афери, доста е од грабеж и богатење на поединци блиски до власта, доста е од национални предавства и понижувања. Се’ што допреа уништија!

Победата од преку 180 000 гласови разлика во првиот круг на професорката Гордана Силјановска Давкова, е само предвесник на промените кои со сигурност доаѓаат. Нема назад.

На 8-ми мај мора победата да е уште поголема. Победата да биде двојна. Конечно на чело на државата да застанат вистински луѓе со знаење и кредибилитет, кои ќе работат исклучиво во интерес на граѓаните. Ве уверувам, Македонија ќе биде повторно горда.

Драги прилепчани, чест ми е да ве поканам да присуствувате на завршниот, сенароден митинг на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, кој ќе се одржи во понеделник, со почеток од 20 часот, на плоштадот Методија Андонов Ченто. Да излеземе во уште поголем број и да дадеме поддршка за кандидатите за пратеници од нашиот град. Да ги слушнете пораките кои ќе ги упатат до вас..

Прилеп бил и ќе биде градот херој, предвесник на новите промени!

Во среда излезете масовно и заокружете број 2 за листата на пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и број 2 за Гордана Силјановска Давкова, идниот претседател на државата.

Сподели на:

Слични Објави