Штрајк во Германија: Од ноќеска на полноќ запира работата на сите големи аеродроми

Сподели на:

Штрајк во Германија: Од ноќеска на полноќ запира работата на сите големи аеродроми. Вработените на најголемите германски аеродроми ќе ја прекинат работата на 1 февруари нешто по полноќ, јавуваат светските медиуми, прецизирајќи дека причина за еднодневниот штрајк е барање за зголемување на платите.

Некои медиуми наведуваат дека покрај барањето за зголемување на платите, причина за штрајкот е и поддршката за германските земјоделци и нивниот протест.Аеродромите во Франкфурт (FRA), Хамбург (HAM) и Берлин (BER) ќе бидат затворени за сите летови. Суспензијата ќе влијае и на работата на аеродромите во Бремен (BRE), Хановер (HAJ), Келн (CGN), Дизелдорф (DUS), Дрезден (DRS), Ерфурт (ERF), Лајпциг (LEJ) и Штутгарт ( STR), наведува Euronews.

Во информацијата на оваа страница, се прецизира дека аеродромот во Минхен нема да биде засегнат од штрајкот и дека компанијата Луфтханза (ЛХ) им препорачала на патниците кои треба да летаат од Бремен, Берлин, Дрезден, Франкфурт, Хамбург или Лајпциг „да не доаѓаат на аеродромот“.На овие аеродроми нема да може да се влезе во терминалот за полетување, а безбедносните пунктови ќе бидат затворени, што значи дека патниците нема да можат да ја завршат процедурата предвидена за качување во авионите.

Информациите за штрајкот ја потврдија и од аеродромите во Берлин Бранденбург, Хамбург и Франкфурт, прецизирајќи дека во четврток нема да има полетувања од овие три аеродроми.Транзитните патници кои пристигнуваат на аеродромот во Франкфурт ќе се соочат со долги доцнења, а ќе бидат отворени само мал број транзитни пунктови – се вели во соопштението на ФРА.Другите аеродроми, исто така, ги советуваат патниците со нивните компании да го проверат статусот на нивните летови на 1 февруари.

Сподели на:

Слични Објави