Трибина на комисијата за земјоделство шумарство и водостопанство на ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп

Сподели на:

Вечерва се одржа трибина пред преполна кино сала во Прилеп на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп заедно со централната комисија за земјоделство шумарство и водостопанство на ВМРО-ДПМНЕ. Пред присутните се обратија Дејан Проданоски претседател на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп, Цветан Трипуновски претседател на комисијата, Филип Филиповски вработен во Водостопанство и Кире Ристевски агроном инженер претставник од тутунското здружение на Македонија. На трибината беше разговарано за проблемите со кои се соочуваат земјоделците изминатиов период.

Земјоделците од Пелагонија побараа итна смена на Владата заради лошите аграрни политики кои во последниве 5 години го уништија македонскиот земјоделец.

Сподели на:

Слични Објави