ВМРО-ДПМНЕ: Ако Груби ја губи власта, барем нека не измислува лаги
Очигледно Артан Груби вознемирен од фактот што ДУИ може да оди во опозиција измислува пораки од Христијан Мицкоски, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.„Груби веројатно се помешал со срцепарателните пораки и молби и лелеци до Ковачевски да не го пушти во опозиција. Ако Груби ја губи власта, барем нека не го губи достоинството со измислици и лаги. Груби да престане да се однесува како инфлуенсер од српска задруга, туку како вицепремиер на владата во заминување“ – велат од партијата.