ВМРО-ДПМНЕ бара брзи парламентарни избори на есен
Брзи парламентарни избори на есен, СДСМ нема друга опција, се вели во партиското соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
-СДСМ ја донесе Македонија во ќорсокак, сите нивни политики се темелеа на уставни измени, кои ги најавуваат една година, и никако да се охрабрат да ги стават во Собрание. Бегаат затоа што знаат дека не само што немаат 80 пратеника, туку и пратеници од нивните редови нема да ги поддржат. Власта го развлекува процесот за да може да купува време, за и во сопствените редови да не и се јави повторно бунт за избори. Не само што не отворија европска перспектива, туку со своите политики на подаништво ја блокираа Македонија. СДСМ нема апсолутно никаков легитимитет, истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.Единствен излез од кризата во која ја втурнаа државата се брзи предвремени парламентарни избори на есен, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.