Хепенинг за денот на пролетта на Могила

Сподели на:

Со пролетен хепенинг организиран со најмаладите, одбележан Денот на пролетта во новиот парк на Могилата. Денеска е 21 Март – раноденица или будењето на пролетта, кога се испраќаат пораки за чиста животна средина, зачувување на природата со цел заштита на природните убавини и реткости, и кога со повеќе еколошки акции се чистат урбаните средини и се извршува обновување или засадување на нови садници од разновидни дрвја, украсни и грмушкасти растенија, како и многу пригодни програми и забави организирани од најмладите.Со богата програма подготвена од ученици од основните училишта и градинките, а во организација на Општина Прилеп , во новиот парк на Могилата се одржа забавно музички хепенинг. Воедно, градоначалникот на Општина Прилеп, Борче Јовчески, претседателот на Советот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски и директорите на јавните претпријатија, со учениците од посебните паралелки од ООУ,, Климент Охридски’’, засадуваа украсна туја , со цел хортикултурно да се оплемени просторот во новиот инклузивен парк и да се испрати порака за зачувување на зеленилото во општинава. При тоа, градоначалникот Борче Јовчески, се заблагодари на присутните наставници, ученици , родителите, на советниците и администрацијата кои беа вклучени да се обезбедат финасиски средства за да се изгради детски забавен парк каде заедничко место и социјализација ќе имаат сите дечиња од општинава.Претседателот на Советотот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски упати апел до присутните и граѓаните да го чуваат паркот, како и да се грижат за животната средина, за да имаме чист и уреден град. При тоа, тој упати благодарност и до ЈКП,, Комуналец’’- Прилеп, најавуваќи дека за паркот ќе се грижат вредните комунални работници, кои имаат задача паркот да е секогаш чист и уреден. На денешниот пролетен хепенинг по повод Денот на екологијата со своја донација за најмладите се вклучија и ПИ,, Витаминка’’ и Прилепската пиварница кои за најмладите обезбедија освежување и закуска.

Сподели на:

Слични Објави