ОФИЦИЈАЛНА СРЕДБА: Битолскиот градоначалник го пречека Гоце Балада во неговиот кабинет

Сподели на:

Денеска во својот кабинет, градоначалникот на Општина Битола Тони Коњановски, оствари официјална средба со прилепчанецот Гоце Илиески Балада кој што од страна на АКАДЕМИК веќе втора година е добитник на ПОСЕБНОТО ПРИЗНАНИЕ и прогласен за најкреативна личност во Македонија во областа на културата, уметноста и маркетингот. Имено, овој прилепчанец како резултат на неговите постојани-неуморни активности во повеќе општини во Македонија вклучувајчи ја и општина Битола, остава значајна трага во музиката, уметноста, маркетингот и културата.Колку за потсетување, Гоце Илиески Балада е човекот кој што значително го збогатува културниот и уметничкиот сјај во градовите низ Македонија, а посебно во Битола. Балада, во последниве неколку години е креатор на повеќе културно-уметнички настани во Општина Битола како што се: Битолскиот Kids summer fest, Новогодишната магична бајка, Стендап комедиите со Никола Тодороски, Тино и Атанас од Златна Бубамара, и на што ли уште не…На средбата помеѓу битолскиот градоначалник и Гоце Балада, од страна на градоначалникот на Битола на овој креативен прилепчанец му беа упатени искрени честитки за ова големо, врвно и високо признание добиено од страна на АКАДЕМИК, при што градоначалникот Коњановски на средбата истакна дека искрено му е мило и му претставува посебна чест и задоволство што токму еден ваков креативен прилепчанец, придонесува за збогатување на културниот живот во Битола. Исто така, на средбата Гоце Балада истакна дека од секогаш бил “заљубен во Битола”, градот на конзулите, градот каде што насекаде постои магија и инспирација, која овој креативен прилепчанец може сосема лесно да ја пренаточи и претвори во вистинко уметничко дело или креативен културен настан во кој ќе уживаат различни генерации. Кога Гоце Балада е организатор на некој настан, тогаш настанот е организиран по сите светски критериуми во најдобро можно светло, при што секоја манифестација добива оригинален вистниски сјај-онака како што е замислено.Прилепчанецот Гоце Илиески Балада е личноста која што за само четити години на македонските музички изведувачи им подари над 80-тина песни (музика и текст), бројка која што до сега претставува рекорд на македонската музичка сцена. Овој креативен прилепчанец е композитор, текстописец, пејач, изведувач, сценарист, водител, креатор на ТВ емисии, а веќе неколку години заплива и во режисерските води, при што тој е и режисер на детски театарски претстави, кои благодарение на извонредниот квалитет, претставите се бараат низ цела Македонија. Моментално е и Уметнички Директор на фестивалот „Весели Ѕвончиња by JANA“ – фестивалот кој што од страна на публиката е прогласен за „МОДЕРЕН ДЕТСКИ СВЕТСКИ БРЕНД“ и фестивал кој што години наназад секоја година се одржува во Прилеп, Битола, Демир Хисар, Охрид…На ваков начин, самиот тој придонесува за креирање на еден повисок степен на развој на културата, музиката и уметноста во нашата земја. Иако имаше повеќе понуди овој прилепчанец за да работи на овие проекти надвор од нашата земја и таму да живее, сепак Гоце Балада останува во нашата земја да живее и твори, а со самото тоа да придонесува за што поголем развој на нашата земја, кога станува збор за културата и уметноста.

Сподели на:

Слични Објави