Партерно уредување на дворот во ООУ „Страшо Пинџур“

Сподели на:

Денес, на патрониот празник на ООУ во Мало Коњари Градоначалникот и Претседателот на совет на Општина Прилеп извршија увид во уредувањето на дворот на училиштето и изјавија:

Комплетно партерно уредување на дворот во ООУ „Страшо Пинџур“ во Мало Коњари, инвестиција на Локалната самоуправа во висина од 1.200,000 денари. Тука, нашите ученици и персоналот на училиштето ќе имаат прилика да одржуваат настава во Летната училница, а исто така и да уживаат во Ботаничкиот пластеник и хортикултурното уредување кои што се предвидени. Одбележуваме 108 години од раѓањето на Страшо Пинџур, истакнат учесник во НОБ и народен херој на Македонија и 68 години од постоењето на оваа образовна институција. Ја користам оваа прилика да им го честитам патрониот празник на колективот на ова училиште и на сите ученици и да им посакам многу успех во нивната работа, во учењето и во целокупниот развој на воспитно образовниот процес. А ние како Локална самоуправа продолжуваме да делуваме секаде, во сите училишта, како низ градот така и во населените места. Водиме еднаква грижа за нашите најмили и ќе продолжиме да ги подобруваме условите за работа, затоа што образoвaнието ја претставува најголемата сила на еден народ.

Сподели на:

Слични Објави