Почина Реган, херојот од Карпалак, кој со неговиот храбар подвиг, спречи трагедијата да биде уште поголема

Сподели на:

На 73-годишна возраст, почина Ацо Јованоски – Реган, човекот кој беше сведок за еден од најцрните настани во поновата историја на Прилеп, а истовремено и херој кој со неговиот храбар потег спаси голем број животи. Јованоски беше возач на кобниот 08. август 2001. година, кога албанските екстремисти од заседа во месноста Карпалак, извршија кукавички чин и го гранатираа воениот конвој на АРМ.

Иако автобусот кој го возел бил во пламен, Реган успеал да го извлече од местото на нападот и така да ги спаси преостанатите бранители кои биле во него. Јованоски беше присутен на одбележувањето на секоја годишнина од немилиот настан, и постојано се залагаше да се изгради соодветно спомен обележје на местото каде се случи грозоморниот чин.

Сподели на:

Слични Објави