Пролетен хепенинг, утре на Могила

Сподели на:

На 21 март, паркот на Mогилата ќе биде место за радост, дружба и пролетно задоволство! Општина Прилеп, заедно со основните училишта, организира Пролетен хепенинг како дел од иницијативата за создавање посветеност кон инклузивноста и заеднички активности по повод Денот на пролетта и екологијата. Настанот ќе биде исполнет со многу забава и активности, вклучувајќи музика, игри, и најважно – засадување садници! Придружете ни се и запознајте се со новото инклузивно игралиште, кое ќе биде место за радост и разигрување за сите наши мали и големи пријатели. 21 март, од 11 до 12 часот на паркот на Могилата.

Сподели на:

Слични Објави