Сите на велосипед 2023
Традиционално во Прилеп денес се организира рекреативната тура „Сите на велосипед“- 2023. На настанот се обрати и Градоначалникот каде упати голема благодарност до Велосипедскиот клуб „Илинден“ кои што се организатори на овој настан, заедно Локалната самоуправа како покровители и поддржувачи на оваа манифестација. Ми претставува огромно задоволство што денес гледам навистина голем број љубители на велосипедизмот и на спортот воопшто. Возењето на велосипед пред се го зајакнува здравјето а исто така претставува превозно средство кое што не ја загадува нашата животна средина и со кое што многу побрзо и поедноставно ќе стигнете до вашата дестинација. Па затоа поради сите овие добри и корисни причини сакам да апелирам до сите наши сограѓани што повеќе да ги користат своите велосипеди и да го чуваат и одржуваат своето здравје и во исто време да ја чуваат животната средина. Сакам да ја искористам оваа прилика и да истакнам дека за многу скоро време Општина Прилеп ќе го распиши Јавниот повик за субвенционирање на дел од трошоците за купување на велосипеди за граѓаните на општина Прилеп. Истакна Градоначалникот Борче Јовчески кој беше дел од турата заедно со Претседателот на совет Дејан Проданоски.