Трибина на тема: ,,1160 години од Моравската мисија на солунските браќа и просветители св. Кирил и Методиј”
Трибина по повод 24ти Мај денот на Македонските просветители Кирил и Методиј во организација на црквата Св. Кирил и Методиј – Параклис и Општина Прилеп.
Црковно-научна трибина на тема: ,,1160 години од Моравската мисија на солунските браќа и просветители св. Кирил и Методиј” во Општина Прилеп, во присуство на Неговото Високопреосвештенство Митрополит Преспанско-пелагониски и администратор Австралиско-новозеландски г-дин Петар и во присуство на голем број на наши сограѓани. Ликот и делото на основачите на првата словенска азбука-глаголицата, е нераскинлив дел од словенските народи, вклучително и на македонскиот, како во поглед на македонската историја и култура, така и во поглед на нашиот, македонски јазик и идентитет. Многу народи ширум светот се благодарни на делото на св. Кирил и Методиј, а ние, особено, мораме да бидеме горди чувари на своите корени и историја. Отворајќи го патот кон описменувањето, духовноста и борбата словенскиот јазик да биде рамноправен јазик во богослужбата, Светите браќа ни ги оставаат во аманет овие вредности кои мораме да ги негуваме за да ја одржуваме еднаквоста во денешното општество. Задоволство беше да се слушнат излагањата на говорниците на оваа трибина Градоначалникот Борче Јовчески Претседателот на совет на Општина Прилеп Дејан Проданоски, Веле Спиркоски, д-р Ели Луческа и д-р Зоран Богески.