УМС со 16 ружи за Тоше Проески

Сподели на:

Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ ОК Прилеп денес го одбележа денешниот датум односно 16ти Октмври денот кога загина Тоше Проески.

На 16-ти октомври, пред 16 години нѐ напушти најголемата македонска музичка ѕвезда, Тоше Проески. Ние како УМС на ВМРО-ДПМНЕ ОК Прилеп, денес пред неговиот споменик во Прилеп симболично оставивме 16 ружи за вечен спомен на неговата музика, но пред сѐ на неговите многубројни хумани дела кои тој ги направи за македонскиот народ. И 16 години подоцна неговите песни се слушаат исто како тогаш, но и болката за неговото прерано загинување е иста како тогаш. Вечна слава, Тоше!

Сподели на:

Слични Објави