Прилеп одбележа 119 години од загинувањето на Гоце Делчев и 110 од загинувањето на Пере Тошев
Денес на 4 мај одбележуваме два значајни датуми за Република Македонија а тоа се 119 години од загинувањето на Гоце Делчев и 110 години од загинувањето на Пере Тошев. По тој повод се положи свежо цвеќе и се одржа трибина во Општинската сала со тема животот и делото на двата великани.