Измамници во Прилеп и Битола, внимавајте!
Последните неколку месеци се почести се пријавите во МВР за измами кои се случиле на територијата на Општина Прилеп и Битола. Група на измамници преку телефонски разговор ги убедиле оштетените да им исплатат некоја сума на пари на одредени посредници и со тоа го прекршиле законот и направиле кривично дело измама. Измамниците користат секакви изговори и со предходно замислено сценарио ги искористуваат фирмите или некои физички лица, на пример нудат огревни дрва за поефтина цена кои треба авансно да ги исплатите дел од парите на некој таксист и потоа исчезнува и таксистот и тој што нуди дрва, друг пример во угостителски објект во Прилеп резервирале маса која требало да биде украсена од некоја цвеќара а за тоа да им плати угостителот пред да се појават гостите. Нудат лекарства од Грција, Германија и слично. Од МВР апелираат да бидеме претпазливи и да не им веруваме на ваквите понуди кои најчесто се нудат телефонски и доколку некој е измамен да го пријави случајот во полиција.