Јовчески ќе го донира покачувањето на платата за хуманитарни цели
Градоначалнокот на Општина Прилеп Борче Јовчески денес објави дека покачувањето на платата ќе го донира за хуманитарни цели, за социјално загрозени семејства од нашата општина. – дело за почит!
– Почитувани сограѓани! Согласно одлуката на Уставниот суд за зголемување на платата за носители на јавни функции, сакам да истакнам дека доколку дојде до покачување на мојата плата, износот ќе го донирам во хуманитарни цели, за социјално загрозени семејства од нашата општина и секаде онаму каде што има потреба од помош. Дефинитивно оваа економска и енергетска криза, верувам дека има негативно влијание кон сите наши сограѓани и дополнително ја отежнува економската ситуација во секое семејство. Како градоначалник на општина Прилеп јас секогаш настојувам да бидам прв помеѓу еднаквите, затоа уште еднаш истакнувам дека доколку се реализира одлуката за зголемување на платата за носители на јавни функции, зголемениот износ на мојата плата јас ќе го донирам за семејствата со ниски примања и ранливите категории на граѓани!