Новиот робот Оптимус кој ќе се продава за 20000 долари, го прикажа Илон Маск
Сопственикот на „Tesla“ сака да произведе милиони хуманоидни машини…Сопственикот на „Tesla“ и „Space X“, Илон Маск, неодамна ги собрал инвеститорите и ја прикажал најновата верзија од роботот „Optimus“.Заинтересираните виделе како „TeslaBot“ го составува својот „роднина“ и со сигурни чекори преминува пократки далечини.„Optimus не одеше кога го организиравме AI Day 2021, така што прикажаниот напредок е значаен. Очигледно не е подготвен за паркур, но оди и имаме повеќе примероци“, изјавил милијардерот.
AI најголем предизвик Да ве потсетиме, сопственикот на „Tesla“ сака да произведе милиони роботи и да ги продава за 20.000 долари. Тој искажал уверување дека секоја куќа најверојатно до 2050 година ќе има по една хуманоидна машина додека напредувањето на AI (вештачката интелигенција) ќе остане најголем проблем.„Optimus“ е тежок 73 килограми и користи модифицирана верзија на „FSD“ систем од возилата на „Tesla“. Поседува батерија за целодневна (непрекината) работа.