Нема ниту работници, ниту машини кои работат на изградба на милијардерскиот автопат, за кој веќе се исплатени пари изјави Никола Златески
Никола Златески член на ОК ВМРО-ДПМНЕ ПРИЛЕП, денес на прес-конференција изјави дека јавноста треба да знае колку ги чини циркусот кој беше организиран од владата.
Почитувани,Денес се наоѓаме на лице место каде Димитар Ковачевски и Артан Груби пред само некој ден организираа приватна забава пред камерите. Еве тука, денес најдобро се гледа дека . Димитар Ковачевски кој е познат по бегањето од дебата со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, на јавноста и даде до знаење дека Коридорите ќе чинат повеќе од 1.3 милијарди евра и дека не постои ниту основен проект за градба. Јавноста заслужува одговор колку пари се досега исплатени за проектот за кој освен сликање на функционери од СДСМ и ДУИ, не видовме ништо друго?Јавноста заслужува одговор на прашањата, колку пари беа потрошени за циркусот од пред некој ден кој се одржа во близина на Прилеп? Заслужува одговор како е можно да се ветува отпочнување со градба на нешто за кое нема ниту основен проект?Каде испарија багерите кои очигледно послужија само за снимање на реклама на Ковачевски со која се замајува народот по социјални медиуми? Колку средства се залудно потрошени од граѓаните за лаги и манипулации, за прескапо платен ПР, кој преку видеа и реклами треба да го поправа очајниот рејтинг на Димитар Ковачевски?Народот е свесен дека во моментот Македонија ја води најнеспособната, најкриминалната централна власт, која не работи апсолутно ништо, за подобрување на животот на граѓаните. Македонија ја води власт која освен национални предавства и масовен грабеж, не знае да сработи ништо друго. Криминалот нема да го исперат со кршењето на закони, со суспендирањето на собранието или со фрлените пари за гол маркетинг и популизам. Поразот на следните парламентарни избори е неминовен. Очајните обиди на премиерот и најнеспособната влада, се уште еден доказ дека ќе бидат збришани на избори. После поразот следуваат одговорите на многу прашања, следува одговорност од која нема бегање!