Ја пријавил поранешната сопруга дека од станот му украла пари и златен накит
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Л.Ќ.(33) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „лажно пријавување на кривично дело“. Пријавениот, на 20.02.2023 во Струга лажно пријавил дека од стан, од кој имала клуч неговата поранешна сопруга, биле одземени пари и злато и ја посочил неа дека ги одзела.