ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ да се исчисти од сопствените криминали и реформира, па потоа да прифати единство за најважните прашања за државата
СДС потребно е да се реформира и да се откаже од криминалот, а потоа да прифати се она што премиерот Мицкоски го понуди како платформа на обединување, се вели во партиското соопштение на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.
Ова се принципите за обединување: 1. Правда и правна држава 2. Стоп за партизацијата на општеството 3. Крај на етничките конфликти и мегаломанските барања зад кој се кријат лукративните интереси 4. Да го заштитиме и подобриме стандардот на граѓаните 5. Праведно општество 6. Силно образование 7. Исполнување на стратешката цел за членство во ЕУ 8. Национално и државно единство 9. Борба против иселувањето10. Градење на заеднички патриотизам, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Со лицемерна и дволична политика, со истите и стари и потрошени кадри не се гради единство. СДС да се исчисти од криминалот и да ги прифати овие принципи за заедништво, додаваат од владејачката партија.