| |

Жељко Самарџиќ на хуманитарен концерт за Дејан Најдоски во Прилеп

Сподели на:

Maлиот Дејан Најдоски од Прилеп кој има аутизам, досега успешно помина повеќе третмани со матични клетки во болница во Турција.

На малиот Дејан Најдоски сеуште му е потребна финанска помош за подбрување на здравствената состојба. За таа цел во Прилеп се организира хуманитарен концерт на 19.03.2022 со многу богата музичка програма, меѓу гостите на концертот е и балканската популарна ѕвезда Жељко Самарџиќ.

Концертот кој ќе се одржи на 19.03. со почеток од 20ч. во Универзалната сала во Прилеп, каде Жељко Самарџиќ ќе настапи заедно со македонските изведувачи Јоце Панов и талентираниот Филип Николоски.

Картите се веќе во продажба по цена од 300 денари, на повеќе локации низ Прилеп.

Сподели на:

Слични Објави