Албанците ќе имаат исто министерства како и во 2006 година

Сподели на:

Според ресорите за кои се шпекулира дека ќе ги раководат Албанците во идната Влада, се чини дека ќе има најслаба застапеност на Албанците во Влада во последните 20 години, или може да се спореди со Владата на ВМРО ДПМНЕ И ДПА од 2006 година.

Од тоа што веќе се знае досега, владиниот колач кој треба да се подели меѓу ВМРО-ДПМНЕ, коалицијата ВРЕДИ и Движењето ЗНАМ, Албанците ќе ја имаат функцијата прв вицепремиер, Министерството за здравство, Министерството за животна средина, Министерството за економија. Но, со реформирање на ресорите се предвидува од Економија да се одвои „Енергетика“, а да се додаде Труд кое би било отстрането од Министерството за социјална политика, а кое исто така се очекува да биде раководено од министер Албанец.

Ова министерство во иднина најверојатно ќе се вика „Министерство за социјална политика, демографија и млади“. Коалицијата ВРЕДИ се очекува да добие и двајца министри без ресор, за евроинтеграции и за добро владеење.

Времето кога Албанците раководеа со најмалку министерства, само четири, колку што се очекува да имаат и сега во Владата на Мицкоски, е 2006 година, во таканаречената „прва влада на Груевски“ кога ДПА влезе во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ. Во 2006 година, ВМРО-ДПМНЕ имаше 40 пратеници, додека ДПА имаше 11. Тогаш Албанците имаа вицепремиер за спроведување на Охридскиот договор и 4 министерства – за здравство, Министерството за образование, Министерството за култура и Министерството за животна средина.

Сега, во 2024 година ВМРО ДПМНЕ има 58, а ВРЕДИ 14 пратеници. Слична ситуација имаше и во составот од 2008 година, но тогаш Албанците имаа повеќе министри во владата позната како „Груевски 2“, во која ВМРО-ДПМНЕ имаше 63 пратеници, додека коалицискиот партнер ДУИ имаше 18 мандати, а во Владата ги добија функциите вицепремиер за спроведување на Охридскиот договор и 5 министерства: економија, труд и социјална политика, здравство, локална самоуправа и животна средина.

Имајќи ги предвид сегашните настани, познавачот на политичките случувања, Исмет Рамадани вели дека треба да сме свесни дека потребно е да помине време за да Албанците ја вратат политичката позиција која ја имаа, посебно владините функции. Потсети и на периодот на владеењето на Заев, кога беше потребно да се направат компромиси и отстапки поради чуствителноста на парламентарното мнозинство.

Сега имаме тотално друга позиција. Имаме избори каде имаме едно силно ВМРО-ДПМНЕ, партија која е во позиција да ги диктира условите, посебно за министерствата и позиционирањето на Албанците. Вистина е дека ВРЕДИ е во политичка битка со Европскиот фронт за легитимност и сето тоа колку и да изгледа, кој има право а кој не, сепак остава последици во нивните преговори за влез во Влада, да се изгуби таа сигурност кај политичките субјекти и сето тоа на крајот предизвикува загуби, директни последици кои ќе се изразат врз граѓаните, вели Исмет Рамадани, аналитичар.

Доколку имаме реформирање на министерствата, следната влада ќе има 20 министерсвта, без да се земаат предвит трите министерства без ресор. Од тие, само 4 ќе и припаднат на ВРЕДИ, а 2 на ЗНАМ. Со другите 14 ќе раководи кадар на ВМРО ДПМНЕ, а ќе нема министер од ниту една од помалите етнички заедници.

Сподели на:

Слични Објави