Биљана Кузманоска е новата Претседателка на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп
Биљана Кузманоска е новата Претседателка на ОК на Унијата на жени при ВМРО-ДПМНЕ Прилеп. Биљана е досегашна потпретседателка и актуелна советничка во советот на Општина Прилеп, дипломиран економист – менаџер. После назначувањето од извршниот комитет на Унијата на жени за Претседателка, не стивнуваат и позитивните реакции на жените во ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп, Биљана ја добива поддршката од членките.
За нејзиното делување како Претседателка и нејзините планови ни одговори:
– Прво да се заблагодарам на укажаната шанса од страна на ИК на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ и Претседателка Жаклина Пешевска, околу моите идни залагања би издвоила дека ќе се залагам за поголема инклузија на жените во политиката.
Исто така сакам да потенцирам дека на секоја од членките на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп ќе и биде дадена шанса за да ги искажи своите идеи и да се промовира во партиските структури, би сакала да ги остварам моите идеи кои ги имам за претприемништвото и жените како претприемачи. Изјави Биљана Кузманоска