Честит нека е 11 Октомври – Денот на народното востание на Република Македонија
83 години од почетокот на народната борба за слобода. Прилеп, градот херој, градот каде што одекна првата пушка против фашистичкиот окупатор, повторно стои како симбол на непокорот, храброста и борбата за слобода. Ова е денот кога ја славиме нашата историја, нашите херои и нашата победа. Победа која не само што означи крај на фашистичката окупација, туку и ги постави темелите на слободна и независна Република Македонија. Денеска, додека стоиме овде, го славиме нивното херојство но и нашата обврска да продолжиме со нивниот дух. Македонскиот народ ја платил цената за слободата со многу големи жртви. Тоа не е само дел од минатото – тоа е и одговорност за сегашноста и иднината. Нашата битка за заштита на македонскиот идентитет, нашиот јазик и нашата култура не е завршена.