Градоначалникот денес го промовираше новото баскет игралиште

Сподели на:

Градоначалникот Проданоски денес го пушти во употреба новото баскет игралиште кое е инвестиција од Буџетот на Општина Прилеп, се огласи на социјалните мрежи:

Во дворот на ООУ „Рампо Левката“, промовираме и пуштаме во употреба ново, современо игралиште за баскет, со тартан подлога и ново осветлување! Со инвестиција од 1.300.000 денари од Буџетот на Општина Прилеп, овој досега неискористен простор доби нов живот, место каде што децата и младите ќе можат безбедно, активно и со насмевка да спортуваат. Игралиштето ќе биде отворено не само за учениците, туку и за сите љубители на спортот од соседството и градот, затоа што секое дете заслужува пристојни услови за игра и правилен физички развој. Продолжуваме да вложуваме во училиштата и спортската инфраструктура, затоа што грижата за најмладите е најдобриот влог во иднината на Прилеп!

Сподели на:

Слични Објави