Кузманоска: Зоран Пачешкоски да одговори пред јавноста кое е лицето со иницијали И.Ј кое се споменува во кривичната пријава?

Сподели на:

Денес Биљана Кузманоска Претседателка на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ ОК Прилеп на прес-конференција го запраша Пачешкоски кое е лицето со иницијали И.Ј кое се спомнува во кривичната пријава. Во продолжение ви ја прикажуваме целосната прес-конференција на Кузманоска.

Почитувани,

Со кое лице Зоран Пачешкоски излегува и зборува занекаков криминал? Како да подзаборавил дека потекнуваод редовите на СДСМ, партијата, која врши класичен политички прогон и злоупотреба на институции, особено партизираното МВР, за политичка пресметка, а воедно партија која ја тресат низа кривични скандали поврзанисо нејзини членови и поранешни раководни лица назначајни позиции. 

Зоран Пачешкоски да одговори пред јавноста кое е лицето со иницијали И.Ј кое се споменува во кривичнатапријава? Дали станува збор можеби за поранешниотградоначалник на Општина Прилеп, Илија Јованоски?Дали Зоран Пачешкоски ќе одржи уште една пресконференција овој пат пред седиштето на СДСМ воПрилеп со полна уста зборови за криминал, криминалции злосторничко здружување?

Кога веќе е толку заинтересиран за правда и одговорност, нека одржи уште една прес конференцијапред обвинителството во Прилеп, и нека праша до каде е постапката со неколкуте кривични пријави противпоранешниот градоначалник Илија Јованоски и противнекои други негови сопартијци кои беа на раководнипозиции во Прилеп? Нека праша што се случува сопријавите, дали се постапува по нив, или пак намерно сечуваат во фиока затоа што тоа не и’ oдговара на и онаканискиот рејтинг на централната власт предводена одСДСМ?

Како да подзаборавил дека Прилеп е претворен во градна мафијата, каде се пресекуваат канали со дрога, сепрактикува насилство на секој чекор, каде безбедностана граѓаните е на најниско можно ниво. Нека одговорикои се лицата кои се споменуваат во последнитеслучувања и дали можеби тие се негови сопартијци илилица блиски до СДСМ?

Зоран Пачешкоски како да заборавил на пресумпцијатана невиност која е една од правните темели според која, секој осомничен или обвинет за кривично дело, се сметаза невин се додека со правосилна судска одлука не седокаже дека е виновен. За ваквото намерно замајувањена јавноста со лаги и клевети без донесена правосилнапресуда и докажано сторено дело, ќе си сносиодговорност и ќе добие тужба за клевета согласноЗаконот за граѓанска одговорност за навреда и клевета. 

Ги повикуваме сите граѓани да ни се приклучат на протестот на 18 Јуни пред Владата каде ќе бараме промена на централната власт и ослободување направосудството, по што ќе следи одговорност за секоједен кој се огрешил пред законот без разлика наполитичката припадност. Монтираните случаи со кои сакаат да не замолчат ќе станат минато. Правда мора даима и ќе има за сите!

Сподели на:

Слични Објави