Мицкоски од Брисел на средба со високи претставници во ЕУ: ВМРО-ДПМНЕ не прифаќа никаков договор под бугарски диктат (ВИДЕО)
Овие неколку дена сме овде во Брисел да оствариме неколку средби со луѓе кои се на високи позиции во ЕУ. Денеска имавме средба и со господинот Манфред Вебер кој што е и претседател на Европската Народна партија, семејство во кое што е член и ВМРО-ДПМНЕ, рече во изјава за медиумите претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.-Главната цел овде во Брисел на делегацијата која што ја предводам на ВМРО-ДПМНЕ е да ги презентира своите позиции, аргументи и ставови поврзани со проблемот кој што го создаде владата на ДУИ подржана од СДСМ. Она кое што најмногу зачудува, а кое што го слушнав овде во Брисел од соговорниците е дека нашите членови на македонската влада кои што кога доаѓаат во де во Брисел, ние мислиме работат за државата, а тие покрај тоа што го уживаат комфорт на своите функции, единствената работа и цел им е да ја кодошат опозицијата овде во Брисел и да барат од луѓето од Брисел да вршеле притисок врз ВМРО-ДПМНЕ, да прифати договор кој што ниту го преговарала, ниту учествувала во него, а предупредила дека нема намера да го прифати. Тоа е единствената работа која што официјалните лица на владата на ДУИ подржана од СДСМ го прави овде, ја кодошат опозицијата и уживаат во привилегиите кои што им ги носат функциите. Нашата порака е јасна дека ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати никаков договор кој што ќе биде под бугарски диктат. Тоа е основната и суштинската порака која што овде во Брисел ја пренесовме и ќе продолжиме да ја пренесуваме, а која што се темели на нашите факти и аргументи. И втора работа која што сакам да ја кажам, а која што ја пренесуваме на состаноците, тоа е дека избори во Македонија час поскоро за да може притисокот кој што се чувствува во општеството поради оваа неспособна влада, која што е полна со криминал и корупција да биде ослободен. На дневно ниво ние сведочиме за коруптивни скандали кои што неколку фамилии кои што управуваат со овие две партии ги нижат во Македонија и дополнително го разочаруваат народот. Затоа се потребни избори за да дојде една легитимна влада која што е избрана од народот, а не поставена како оваа влада на Ковачевски. Влада која што ќе се бори за повеќе успеси за македонските граѓани, за повеќе пари за македонските граѓани, за подобар стандард, за повеќе инвестиции и реформи, за поквалитетно здравство и она кое што е најважно борба со криминалот и корупцијата. Тоа е многу важно да може да го удриме во корен она кое што денеска претставува навистина една епидемија во македонското општество, а тоа е високото ниво на криминал и корупција, истакна Мицкоски.
Да повторам уште еднаш, првата порака е дека нема прифаќање на бугарски диктат и втората порака е дека избори поскоро за да можеме да имаме легитимна влада која што ќе биде предводник на еден реформски процес, додаде Мицкоски.