Нападнат полициски службеник во Прилеп
На ден 03.04.22 околу 03 часот во центарот на Прилеп пред угостителски локал настанала вербална расправија и физичка пресметка при што полициски службеници интервенирале, еден од нив бил физички нападнат и со тешки телесни повреди однесен во Прилепската општа болница. Поради физичкиот напад над полицискиот службеник лишени од слобода се М.М (28) и Д.П (31) од Прилеп.