Одбележувањето на празникот без СДСМ во Прилеп
Илинден е празник кој е од големо значење за Македонските национални интереси бидејќи тогаш се удираат темелите на современата Македонска држава, како и секоја година така и оваа претставници на Општина Прилеп, здруженија на граѓани, претставници на политички партии полагаат свежо цвеќе на паднатите борци поврзани со Илинден од 1903 година и 1944 година. Но овој Илинден од локалното раководство СДСМ Прилеп го заборавија и не се појавија на одбележувањето на 2ри Август во Прилеп, оние истите кои ни продаваат национални вредности на Мечкин камен не им дадоја почит на паднатите херои: На Ченто, на Ѓорче Петров, Пере Тошев.
Утрово низ Прилеп се приметуваа неколку полу празни автобуси со различни регистарски таблици од цела Македонија кои се упатуваа кон Крушево, како резултат на вчерашните партиски наредби кои се појавија на социјалните мрежи за масовна поддршка на Ковачевски на Мечкин камен, но сепак беше исвиркан.
Прашање е дали дебаклот на прославата во Крушево е причината зошто не се појавија локалните челници на СДСМ Прилеп на чествувањето на празникот?