Петар Ристески: Највисок буџет-рекордно задолжување, наместо реализација на проекти-арамилак

Сподели на:

На денешната собраниска седница со расправа за предлог буџетот за 2023 година зема збор и пратеникот од Прилеп Петар Ристески од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, кој ги обелодени фактите околу идниот буџет и задолжувањата.

Во две реплики разобличени лагите на сдс за новиот буџет. Ниту ќе направат автопат, болници, градинки, училишта ниту направија во 5 години на власт.
На граѓаните им е преку глава од празни флоскули и препукувања помеѓу политичарите. Граѓаните бараат резултати, реализација на ветеното. Бараат подобар живот, повеќе пари, подобри услови. ВМРО ДПМНЕ тоа го прави на локално ниво а после победата на парламенатрни избори и на државно.
ВМРО ДПМНЕ е партијата која работи во интерес на народот о државата.
Тукму денес 9 градоначалници од ВМРО ДПМНЕ беа наградени од ЕУ за извонредно управување со општините.
Тоа е ВМРО ДПМНЕ,секогаш работа,секогаш Македонија!
За татковината!
За народот! – Изјави Петар Ристески.

Во прилог и видео од сообраниската дебата…

Сподели на:

Слични Објави