Приведен Јован Деспотовски: Проневерил два милиони евра

Сподели на:

Поранешниот директор на Дирекција за ТИРЗ и долгогодишен член на СДСМ, Јован Деспотовски денеска е уапсен од страна на финансиската полиција. Деспотовски се апси заради наводна проневера од два милиони евра. Поточните информации се дека тие пари биле проневерени преку ТИРЗ Струмица и ТИРЗ Штип.

Деспотовски во последните години беше активен по медиумите особено во периодот на парламентарните избори. За време на изборите беше гласен во СДСМ, а по изборите му беше противкандидат на Венко Филипче за прв човек на СДСМ.

Сподели на:

Слични Објави