Ристески побара оставки и повисоки пензии!
На денешната седница во Собранието на Република Македонија беа поставувани пратенички прашања, пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Петар Ристески се обрати на говорницата со неколку прашања и барања за оставки за случајот онкологија и повисоки пензии!
На својот ФБ профил напиша:
Денес на пратенички прашања поставив три прашања т.е барања:
1. Одговорност, кривична,морална и политичка за монструозната афера на УК за Онкологија и оставка од министерот за здравство!
2. Исполнување на барањата на пензионерите,зголемување на пензиите за 3.500денари линеарно!
3.Оставка на министерката за животна средина по најновото рангирање на британскиот весник Гардијан: Македонија е НАЈЗАГАДЕНА држава во Европа!