ВМРО-ДПМНЕ: случајот Oнкологија е серија на убиства со умисла – правда ќе има

Сподели на:

Крвави се рацете на Ковачевски и Ахмети, случајот онкологија е серија на убиства со умисла. Нема вода која ДУИ и СДС можат да ја исперат, од најголемиот скандал, во здравството, во историјата на Македонија, каде доктори и директори, назначени токму од нив, во стилот на Менгеле, одлучувале кој пациент ќе живее, а на кој ќе му пресудат, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Веќе е залудно и да се апелира, што би се случило овој случај да беше, во и макар некоја африканска земја, бидејќи оваа власт, по сите параметри не ни заслужува да се споредува и со земјите од тој континент. ЈО на Ахмети и Таче сеуште молчи, а требаше за овој тип на злосторство, во првите 24 часа, да соопшти пред јавноста, кои се главните обвинети, за кои дела и колку време се случувало ова. Можат да се договараат и молчат колку сакаат, но на граѓаните, им е повеќе од јасно, дека ова е уште еден случај, каде крив ќе биде кабелот, шоферот или нешто трето, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.„ВМРО-ДПМНЕ, веднаш по добивање на довербата на народот, на следните избори, ќе ги изведе пред лицето на правдата, сите оние кои имале и најмал удел, во ова тешко злосторство“ – велат од партијата.

Сподели на:

Слични Објави